Вести Македонија

Гласачките места се уште недостапни за лицата со попреченост

Лицата со попреченост се соочиле голем број на проблеми и потешкотии за да го остварат своето право на глас на Парламентарните избори кои се оджаа лани покажа мониторингот на невладината „Инклузива“ и ДИК кој беше презентиран денеска а инкорпориран во извештајот на ОБСЕ и ОДИХР.

Сеуште најголемиот проблем е пристапот до објектот каде се гласа и до самото гласачко  место. Претставниците на „Инклузува“ набљудуваа 201 изборачко место на параламентарните избори од кои 70 отсто немаа пристап за лицата со попреченост. На три од четири набљудунани избирачки места имало скали а 45 отсто пристапни рампи од кои половината не биле уп-шотребливи.
Лицата со попреченост имале проблеми и внатре бидејќи голем број од гласачките места се наоѓале на кат а лифтови немало.

А бројките велат дека на избирачкиот список има 272 илјади лица со попреченост.

За учеството на лицата со попреченост во изборите, нивните потреби и проблеми речиси и да немало никакво медиумско покривање а само во една политичка дебата учествувал нивен претставник.

А за да има лица со попреченост во локалната и извршната власт треба да бидат предложени како кандидати. На минатогодишните избори само една коалциција имаше кандидат лице со попреченост кое беше поставено на листата на место кое гарантираше дека нема да влезе во Собранието како пратеник.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе