Вести Македонија Најважни

Без сериозни негативни ефекти од вакцината Фајзер, аплицирани и првите Спутник вакцини

Секоја ампула е една вакцина и нема делење на содржината. Поради тоа вакцинацијата со руската Спутник V се одвива без долго чекање на првиот пункт во поликлиниката Јане Сандански, а на список за денешниот прв ден за овој вид вакцина беа 182 здравствени работници, најмногу од Прилеп и од скопските клиники.

Пред вакцинација првин се прегледува пациентот кој не смее да има тековно заболување или сериозни алергиски реакции, ниту пак во скоро време прележано Ковид 19.  Сето ова се  контраиндикации за спутник која е векторски тип на вакцина и ќе се аплицира меѓу медицинарите поради новиот корона бран.

Во ист ден но на друга локација во поликлиниката Букурешт стартуваше и ревакцинацијата со Фајзер. Станува збор за лекари и медицински персонал од најзафатените ковид центри, скопската Инфективна клиника и од градската болница 8-ми септември кои со месеци се борат за пациентите.

По ревакцинацијата со втората доза, вакциналниот картон на овие лекари веќе е полн и сигурен доказ за извршена вакцинација. Нема сериозни негативни ефекти од вакцинацијата, велат лекарите.

Во првите два имунизациски бранови, се вакцинираат само здравствени работници бидејќи досега државата доби нешто повеќе од 11 илјади вакцини поради што изостана масовно вакцинирање.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Армијата се вклучува во гаснење на пожарите – претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша одлуката

Дејан Дејан

Пет активни пожари во Скопје – Кризен штаб во владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе