Македонија

Ангел Димитров: Работата на комисијата за историја не дава резултати

Неплодни две и пол години. Вака првиот човек на тимот бугарски историчари, Ангел Димитров ги оцени изминатите 12 средби со македонските колеги од заедничката историска комисија, кои тој незадоволен од нивната непопустливоста на инсистирањето на бугарската страна за заедничка историја, ги обвини македонските колеги за нудење на неодржливи предлози за надминување на разликите. Притоа Димитров во интервју за Бугарската национална телевизија си ја искажа и желбата како сака неговите македонски колеги да се однесуваат.

„Очекуваме нашите колеги да се однесуваат со повеќе почит не само кон Договорот за пријателство кон историските научни принципи“, изјави Димитров.

Димитров кој освен што е историчар е и поранешен амбасадор на Бугарија во Македонија на македонските колеги им припиша и исполитизираност.

„Научниците водат научни дискусии, а не преговараат, како што си мислат нашите колеги и го користат токму тој израз за нашата работа „преговори“. Не ние не можеме да преговараме, ние ја бараме најсоодветната и најкоректната интерпретација која би одговарала на интересите и на двете земји во контекст на поимањето –  заедничка историја. Нашите колеги бегаат од оваа состојба, нивниот пристап е целосно политички. Потенцирам – политички. Тие ги следат политичките насоки во нивната земја и затоа во нашата работа предлагаат апсурдни ситуации“, вели Димитров.

Одговор на Димитров стигна од Универзитетскиот професор Владо Поповски кој смета дека во решавањето на разликите Комисијата не смее да брза.

„Сметам дека историската Комисија е погрешно доколку и е задачата да ги реши во некој строг рок оние барања што ги наметнува бугарската страна“, е ставот на Поповски

А нивните тези и барања ги нарече апсурдни.

„Дека биле Бугари Македонците,  коминтерната, Сталин и Тито во текот на Втората Светска војна ги трансформирал во Македонци. Таа теза или такво барање е апсурдно, бидејќи, прво, не е точно“, вели Поповски.

Поповски освен што смета дека не смее да се брза со работата на Историската комсија на став е дека и прв нешто што треба да се направи е да се исчистата учебниците и во двете земји од омраза и да се соопштата фактите за создавање заедништво во европски дух.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе