Македонија Топ вести

Осмомартовски прослави во услови на пандемија

Здравствените ковид протоколи не ги спречија дел од жените ја продолжат традицијата да се седне во угостителски објект со пријателките и колешките по повод 8-ми Март.

Особено помладите, фотографиите од ваквите средби ги споделија на социјалните мрежи, каде може да се забележи присуство и на повеќе лица на една маса.

Годинава неизостана и купувањето порадоци. Можат да се забелажат и гужвите на пазарите.

Граѓаните велат дека младите се тие коишто се поопуштени, додека постарите повеќе внимаваат.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека не можат да постапат според фотографии доколку не се поклопи истото на терен, но секако тие се секогаш на терен без разлика дали се работи за празник или не.

Дека поединци не ги почитуваат протоколите покажува и бројката од над 40 прекршувања во последните два месеци.

Инаку поради пандемијата и дел од туристичките агенции ги откажаа осмомартовските патувања.

Во телефонски разговор ни кажаа дека оваа година побарувачката била помала, но дополнително финансиски трошок за клиентите претставувало и ПЦР тестот кој е задолжителен за некои земји.

Дел од агенциите, пак, организирале екскурзии до соседните земји каде не се бара трест за ковид.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Угостителски услуги во дивоградби, елаборатите не соодветствуваат со реалната слика – в.д. градоначалникот на Кочани поднесе кривична за узурпација и бесправна градба во ТЦ Кочани

Дејан Дејан

Завршни зборови на судењето за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Данска бара Македонија да помогне и да направи исчекор кон ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе