Демократскиот сојуз и ДОМ се на став дека во овој момент нема услови за формирање широка влада, особено по одбивањето на предлогот од страна на опозицијата.
Нова Влада може да се формира само доколку се одржат предвремени парламентарни избори.
Павле Трајанов тврди дека ниту понудата на Премиерот била сериозна ниту пак одговорот бил искрен.
Оваа расправа ја нарече ,,конгресна,, наспроти изборот на лидер на СДСМ и најавениот конгрес на иницијативниот одбор за промени во ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО ДПМНЕ повтори дека понудата за широка Влада е обид за спас на Заев.
Со ова се затвори и неотпочнатата дебата за создавање широка владина коалиција која според премиерот заев би придонело за помирување во општеството и департизација на институциите.
Јулијана Пешевска