Македонија Топ вести

Детска порнографија пронајдена во телефон на велешанец осомничен за случајот Јавна соба- осомничени и во Прилеп, Кавадарци и Битола

Вештачења на телефони откриваат мрачни факти за осомничените во случајот Јавна соба 2. Највпечатлив е оној во Велешкото обвинителство каде во еден од телефоните се пронајдени видео записи од детска порнографија. Поради ова обвинтелството отвори предмет за кривично дело за злоупотреба на малолетник за да се изрботат аудиовизуелни слики со порнографска содржина.

Член 193 од Кривичен законик: Ако делото е сторено преку компјутерски систем или друго средство за масовна комуникација, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку осум години.

За слично дело постапуваат и други обвинителства низ земјава. Во Битола на вештачење се дадени ЦД и мобилен телефон на осомничен. И во прилеп се одземени два телефони и во тек е изработка на вештачење, додека во Кавадарци велат се постапува но не откриваат детали. Од обвинителството велат дека во зависност од доказите поврзани со овие слуучаи од „Јавна соба 2“, ќе се одреди за какво дело ќе одговараат осомничените. Но обвинителстовто се уште не добило одговор од социјалната мрежа Телеграм за да го дознае точниот идентитет на инволвираните во групата. И покрај барањето испратено до Меѓународниот провајдер податоци за корисничките профили на креаторите, администраторите и членовите на групата ме се стигнати. Во завршна фаза е пак истрагата за случајот Јавна соба 1. Двајца се под истрага за кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија  и тоа основачот и модераторот на групата при што се соочуваат со казна затвор од најмалку пет години. Повикани се на распит во обвинителството па ќе следи и увид во доказите и поднесување на обвинението.

Јанвно обвинителство на РСМ: Обвинителството ги охрабрува оштетените и жртвите од овој и слични кривично-правни настани да ги пријавуваат во Министерството за внатрешни работи. Воедно, ги поддржува предлозите за дополнување на Кривичниот законик со кривичните дела „демнење“ и „сексуално вознемирување“ кои во иднина треба да овозможат поефикасен прогон на овие кривични дела. ​

Инаку случајот Јавна соба 1 беше отркиен во јануари лани по што беше затворена групата на телеграм. Вториот случај пак беше откриен годинава кога исто се појави група на телеграм на која беа споделувани приватни фотографии и видеа од девојчиња и жени.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На Граничниот премин Богородица не очекуваат долготрајно чекање

Дејан Дејан

Обвинителството истражува како се депонира пепелта во РЕК Битола

Дејан Дејан

Како се избира нов Поглавар на Светата Римска Црква?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе