Економија Топ вести

Штрајкот на грчките камионции направи хаос на преминот Богородица-Евзони

Грчките камионџии од утрово се на симболичен протест на преминот Евзони поради затворените граници. Претставници на транспортерите од Македонија и Грција се загрижени поради доцнењето на испораките, но и одолговлекувањата што ги предизвика одлуката за задолжително тестирање на секој транспортер што ќе влезе во Грција. Тоа беше причина за денешната средба на претставници од Стопанската интересна заедница и Федерацијата на грчки камионџии. Лефтер Андонов од СИЗ Америт вели дека и тие би се придружиле на пртоестот доколку не се изнајде репение.

Од федерацијата на грчки камионџии велат дека овој премин е од исклучително значење и мора да функционира. Според нив, одлуката е неоправдана бидејќи транспортерите коишто не можат да поминат одат на други премини, со што само се прават дополнителни трошоци и се губи време.

Одлуката на грчката влада од понеделникот да се ограничи влезот на транспортни возила само од 7 до 19 часот предизвика километарски колони на македонската страна од границата но и стотици возачи кои по десетина часа не можат да ја минат македонско-грчката граница.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Втор ден расправа за ребалансот на буџетот

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе