Македонија Топ вести

Ќучук: Добрососедски односи клучен дел од процесот, но не од преговарачката рамка

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук, за МИА изјави дека е задоволен од широката поддршка за неговиот извештај за земјата во Европскиот Парламент, и смета дека се постигнати важни компромиси меѓу сите страни.

Редовниот парламентарен извештај за напредокот на Северна Македонија беше изгласан со 61 гласа „за“, четири „против“ и два воздржани.

За европратеникот од Бугарија и автор на документот ова претставува важен успех, вели тој за МИА.

-Имаме огромно мнозинство затоа што успеавме да собереме голема поддршка, поминаа сите компромиси, јас сум седум години во Комисијата за надворешни работи и обично мнозинството е околу 50 гласа, ова е навистина широка поддршка, вели Ќучук во изјава за МИА.

Извештајот на 25 март ќе биде поднесен за гласање на пленарната седница на Европскиот Парламент, каде и таму се очекува широка поддршка.

Документот ги истакнува областите каде што е постигнат напредок во Северна Македонија, но и областите каде што се потребни дополнителни напори. А, во однос на добрососедските односи и односите со Бугарија се нагласува нивната важност за целокупниот процес.

-Добрососедските односи се важен дел од преговарачкиот процес, без нив нема напредок во процесот ако Бугарија и Северна Македонија не најдат разбирање, но тие не треба да бидат дел од преговарачката рамка, вели Ќучук за неговиот извештај.

Според него сега е важно Скопје и Софија да ја вратат доверба од 2017 која „по пат се изгуби“, историските прашања да ги разгледаат историчарите и да се стави акцентот на поврзаноста помеѓу двете страни од секој аспект: инфраструктурен, човечки, образовен, итн.

-Има конкретни нешта и тие треба да продолжат, реално се случуваат конкретни работи и само врз база на позитивен наратив ќе може да се напредува, вели известувачот, и додава дека она што највеќе пречи се искривените информации и фалсификувани факти помогнати од националистите од двете страни, додава тој.

Известувачот го поздрави и компромисот постигнат за делот од извештајот кој се однесува на усвојувањето на преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција. Имено, едните бараа да стои „што е можно поскоро“, а други бараа да стои „веднаш“.

Конечно компромисот во финалниот текст гласи: што е можно поскоро за да се избегнат дополнителни одлагања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што ќе избере Трамп – ќе се приклучат ли САД на израелските напади против Иран?

Дејан Дејан

Дурмиши: Даваат резултат мерките кои ние ги донесовме

Дејан Дејан

Мицкоски со порака до Радев – докажете дека немате нови услови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе