Македонија

Пратениците од ДУИ дојдоа на седница за да демонстрираат единство

15-те пратеници од ДУИ седнаа во собраниските клупи сакајќи да прикажат дека во партијата нема никакви проблеми и дека мнозинството е функционално. Се појави и Изет Меџити кој поради несогласувањата со своите сопартијци и отворениот конфликт со Артан Груби не доаѓаше на седниците. За денешниот ден беа закажани дури 4 продолженија на незавршени собраниски седници, но кворум за гласање повторно немаше. Процедурално реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврдејќи дека парламентарното мнозинство веќе не е функционално.

Собранискиот спикер Талат Џафери кој претходно отворено проговори дека поради одредени внатрепартиски несогласувања пратеници од ДУИ не доаѓаат во Собранието сега вели дека  седници не закажувал за да може комисиите да имаат доволно време да работат.

СДСМ уверува дека парламентарното мнозинство е стабилно.

Во меѓувреме голем број закони чекаат да усвојување. Иако беше најавено дека ќе се свика посебна седница на која ќе се обезбеди мнозинство за гласање тоа се уште не може да се реализира.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Преживеани од пожар во дискотека во Шведска што се случи пред 27 години, дојдоа во Кочани да им помогнат на семејствата

Дејан Дејан

М-НАВ се полни со сѐ и сешто, но не со контролори кои се најпотребни, реагираат од синдикатот по објавениот оглас за вработување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе