Писмото на невлaдиниот Културен центар „Иван Михајлов“ од Битола ја крена на нозе Бугарија.
Откако вчера бугарскиот претседател Румен Радев ги повика шефовите на безбедносните служби за да преземат мерки поради наводни повреди на правата на Бугарите во Македонија, утрово и министерката Захариева во интервју за БНТ рече дека над 100 илјади граѓани во Македонија имаат бугарско државјансотво и недозволиво е да се дискириминараат и заплашуваат поради тоа.
„Недозволиво е во 21 век да постои дискриминација. Тие се обидоа да ја обвинат Бугарија дека таа го одрекува правото на самоопределување на нивните граѓани, но си таквите постапки тие го одрекуваат тоа. Видете што се случува таму со секој што ќе се осмели, јавно, дали станува збор за политичар, или аналитичар, или историчар, без разлика, или новинар, имаше и такви случаи. Новинари, нивни новинари кои се осмелија да дадат интервјуа за наши медиуми, кои се осмелија да искажат различно мислење, да кажат дека треба да се договориме со Бугарија, треба заедно да продолжиме напред.
Тоа што имаме заеднича историја, како што посочува и договорот, не значи дека немаат право на самоопределување и дека ние го одрекуваме. Ние повеќе гледаме проблем со самоопределувањето на луѓето таму кои имаат бугарска самосвест. Тоа е проблемот, рече Захариева.
Во писмота кое културниот центар Иван Михајлов од Битола го испрати до бугарскиот државен врв побараа олеснување на процедурите при добивање на бугарско државјанство за оние граѓани кои на претстојниот попис во Македонија ќе се определат како Бугари, но и се пожалија дека се соочуваат со бугарофобија и стравуваат слободно да се изјаснат.
Тоа беше повод вчера претседатeлoт на Бугарија Радев да ги повика првите луѓе на безбеднсоните служби, а по средбата во соопштението од неговиот кабинет посочија дека било разговарано да се преземат навремени мерки за соодветна заштита на правта на бугарските граѓани во странство, кога тие се напднати само поради нивната национална самосвест, со образложение дека имаат сигнали за чести повредеи на правата на луѓето кои се идентификуваат како етнички Бугари во Македонија.
Сега членовите на културниот центар Иван Михајлов, писмото го испратиле до амбасадите на САД, Германија, Португалија и делегацијата на ЕУ во Македонија.
Емилија Мисирлиевски