обранието не е функционално за носење закони, но координациите кај спикерот Талат Џафери се функционални. Наместо Изет Меџити, како координатор на ДУИ, најчесто доаѓа неговиот заменик Арбр Адеми.
Адеми тврди дека никогаш не била доведена во прашање стабилноста на пратеничката група и на парламентарното мнозинство.
И во СДСМ имаат информација дека на последната седница на претседателството на ДУИ, расчистени се сите прашања, а пратеничката група останува компактна. Но, опозициската ВМРО ДПМНЕ смета дека парламентарното мнозинство веќе не е функционално. Немаат намера да прават кворум за сите предложени закони.
Освен седницата за пратенички прашања, Собранието немало пленарка цел месец. На 16-ти февруари, обидот за одржување седница покажа дека парламентарното мнозинство е некомплетно поради неколку пратеници од ДУИ, меѓу кои, координаторот Изет Меџити. Неприсуството на мнозинството од 62-ца го призна и Талат Џафери на редовниот брифинг со новинарите минатата недела. Најави дека тоа не може да трае во недоглед и дека наскоро – ќе има разврска.
Соња Николовска