Во Законот за попис се предвидува податоците за лице кое е на привремена работа или престој во странство, да ги даде друго полнолетно лице на кое најдобро му се познати. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски во гостувањето на Топ Тема вели дека ова можност е оставена во законот за оние кои што не стигнале до информација, а сепак можела да биде приберена, без тие лица да бидат дел од категоријата вкупно резидентно население.
Но таа можност е проблематична затоа што се работи за податоци како национална припадност и вероисповед кои се врзани со лично убедување и чувства.
Симевски вели дека во многу други држави такви прашања воопшто не се поставуваат, но кај нас се инсистирало на нив.
Тоа е спореден белег. Кај нас се инсистираше дури тој белег да биде. Јас имав предлог да не биде, ако знаете и овде сум гостувал неколку пати кога го давав тој предлог. Немаше страна од каде што не бев нападнат зошто сум дал таков предлог, ама еве сега се гледа дека можеби тоа беше коректно, рече Симевски.