Вести Македонија Најважни

Првите попишани затвореници од Куманово

Адреса на живееење? Ова е прашањето кое го доби првиот попишан граѓанин по цели 18 години пауза. Пописот тргна. Од затвор, во затвор. Просторија со биро, средства за дезинфкеција, преносен компјутер. Затворот во Куманово ги отвори вратите за попишувачите на Државниот завод за статистика.

2.200 притворени граѓани во затворите ширум земјата од кои само во Идризово 1.400 ќе бидат првите кои ќе се попишат. Паралелно вработените во конзулатите и амбасади и вработените во армијата надвор од земјата. Попишувачите ќе ги лоцираат и бездомниците, оние во Чичино село, но и оние кои немаат покрив над главата а го посетуваат пунктот на Црвениот крст како дел од првата фаза. Наредната цел на пописните комисии е теренскиот дел. Огласот завршил и за 6.000 позиции се јавиле 8.000 апликанти.

Отворајте ги вратите за попишувачи. За граѓаните казни во евра за попиувачите и затворска доколку злоупотребат нешто порача Симовски.

Доколку се обезбедат попишувачите кои одат на терен, пописот треба да започне на 1 а да заврши на 21 април. Граѓаните ќе добиваат три сет прашања, оној кој нема да биде во својот дом повеќе од два пати ќе добие известување да се јави во својатао пштина за да биде попишан. Пописот следи по 18 години пауза и еден неуспешен обид кои заврши со истрага за злоупотреби.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Обновливите извори и замената на фосилните извори на енергија се клуч за енергетската транзиција на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе