Вести Македонија

Во мај почнува реконструкцијата на Универзална сала

По повеќе од половина век, дотраениот објект на Универзалната сала ќе се реконструира.  Реконтрукцијата ќе се врши според постојниот облик и габарит на објектот, а  ќе започне во мај и е планирана да заврши до крајот на годината, рече градоначалникот Шилегов. За реконструкцијата Владата ќе издвои 120 милиони денари . Изведбениот проект за реконструкцијата го направи  архитектонското биро „ Мегарон инженеринг“, кој на Град Скопје му го отстапува како донација.

На 8 Март ќе биде закажана седница на Советот на Град Скопје, каде што ќе ја примиме донацијата на изведбениот проект , со што се создаваат услови за распишување на тендерската постапка. И во текот на мај очекувам да започнат градежните работи.

Реконструираниот симбол на солидарноста на пост земјотресно Скопје, ќе придонесе како влог , за кандидатурата  на Скопје – европска престолнина на културата во 2028 година, дополни градоначалникот Шилегов.

Реконструкцијата ќе биде спроведена во две фази.  Првата вклучува обнова на фасадата и на покривот, кој ќе добие осветлување. Заради енергетска ефикасност ќе се вградат современи материјали во фасадата , а ќе има и корекции во постоечката конструкција , со цел подобра противпожарна заштита.

Објектот е мешовит. Темелењето е бетонско и подрумите. Меѓутоа , целата конструкција нагоре е челик. Тој челик е дотраен, со тенки стенки. Така што ќе направиме некои корекции.

Во втората фаза е предвидено внатрешно уредување на објектот со нова акустика, светло, канцеларии, тоалети, бина , тераси, мебел и седишта. Нивниот  број ќе се намали на 1100 до 1200 , за да бидат покомотни за седење во споредба со досегашните, дополни архитектот Муча.

Реконструкцијата на Универзална беше едно од трите решенија за кои Град Скопје отвори јавна дебата лани. А, идејата за изградба на нова концертна сала останува.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран сака прекин на огнот со Израел и продолжување на преговорите со САД, тврди „Волстрит Џурнал“

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Обновливите извори и замената на фосилните извори на енергија се клуч за енергетската транзиција на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе