Македонија Најважни

Британскиот сој на корона вирусот повторно ја разгорува пандемијата во Македонија

Новиот британски сој на коронавирусот во последните пет денови алармантно го зголеми бројот на позитивни граѓани на вирусот. Ако до понеделникот броевме по  200-300 или под 400 нови позитивни, од вторникот кривата на новозаразени драстично почнува да расте – покажуваат бројките.

Нагло расте и процентот на позитивни во однос на  тестираните и тој пак се искачи на околу 20.

Така извештајот објавен во вторникот, кој ја отсликува состојбата во последните 24 часа покажува 509 нови позитивни и 9 починати лица.

Или 19 проценти од тестираните се позитивни на вирусот.

Најалармантна е состојбата во средата. Со 725 позитивни и 13 починати лица. Тогаш речиси 22 проценти од тестираните се покажало дека се позитивни.

Четвртокот министерството брои 582 нови заразени со вирусот и пак 13 жртви. Процентот повторно е околу 20.

Во петокот има  мал пад на процентот. Или 554 позитивни теста и 8 починати лица, а процентот паѓа на околу 16.

Но, саботата бројот на позитивни случаи пак се искачувка 721, а регистрирани се 7 лица кои ја загубија битката со вирусот. Процентот на позитивни во оснос на тестирани повторно  е 19.

Така само за  пет денови имаме  3.091 нови позитивни граѓани на коронавирусот. Битката со него ја изгубиле вкупно 50 лица.  Или позитивни се 19 проценти од тестираните за тие пет денови.

Но, и покрај новиот ковид бран, граѓаните опуштени. Ги преплавија парковите и излетничките места. Голем дел се и без зштитни маски.

Се полнат и болниците. Последниот извештај покажува дека во ковид центрите низ земјава хоспитализирани се 667 ковид-пациенти, од кои 256 се во Скопје. Има околу 384 празни болнички  кревети.

Во ситуација кога земјава нема вакцини, а нема прецизен термин ниту кога ќе пристигнат нарачаните количини, здравствените власти смирени.

Не најавуваат нови затворања како другите земји од Балканот и Европа, каде покрај британскиот веќе се детектира и јужноафриканскиот тип на вирусот. Министерот Филипче рече дека се размислува доколку би имало нови мерки тие да бидат само во општините каде заразата забрзано се шири.

Новата состојба со коронавирусот  утре ќе ја разгледува Комисијата за заразни болести. Но, дали ќе предложат нови порестриктивни мерки на Владата за сега не се знае.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

М-НАВ се полни со се и сешто, но не со контролори кои се најпотребни, реагираат од синдикатот по објавениот оглас за вработување

Дејан Дејан

Родителите на загинатите во “Пулс” го доставија барањето до обвинителството

Дејан Дејан

Министерката Кочоска од утре во потрaгата по милијарди за брзата пруга

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе