Македонија Најважни

Непочитувањето на мерките и британската варијанта и натаму ја шират пандемијата во Прилеп

Прилеп и натаму е лидер меѓу градовите во внатрешноста по бројот на новозаболени од КОВИД-19.

Драматично се зголемуваат позитивните слуачи, што според здравствените власти се должи на непочитување на мерките и  брзото ширење на британската мутација на вирусот.

Според официјалните статистики на Институтот за јавно здравје, во изминатата недела има над 270 позитивни, а активни се  640  случаи.

За 7 дена  починале 7 лица така што бројат на смртни случаи како последица на коронавирусот достигна 260, а Прилеп е град со најголем морталитет.

Алармантни се бројките и во Кавадарци каде за една недела има 246 новозаболени и тројца починати од КОВИД-19, а активни се 600 случаи.

Во Охрид има блага стагнација на  ширењето на заразата.

Таму за  седум дена се регистрирани 112 позитивни на вирусот, четворица пациенти починале како последица од компликации на КОВИД-19, а се формира и кластер во специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања, каде има позитвни од  медицнскиот персонал.

Овие бројки во трите градови Прилеп, Кавадарци и Охрид, каде има најмногу заразени со британскиот сој на вирусот, се неколкукратно поголеми отколку во останатите градови, каде неделно има најмногу по стотина новорегистрирани случаи.

Се полнат и болничките капацитети, па така од градовите во внатрешноста,  Прилепската болница е со најголем број хоспиталиразни, 68, а голем дел од нив се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка.

Таму веќе се реактивираа и другите оддели кои претходно беа КОВИД центри. Во Охрид има 55, а во Кавадарци 45 хоспиталзирани лица кои се заарзени со КОВИД-19.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ликвидацијата на Хаменеи нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши, порачува Нетанјаху

Дејан Дејан

МПЦ-ОА доби нов митрополит, но дали тоа ќе ги смири или уште повеќе ќе ги засили поделбите внатре во Црквата?

Дејан Дејан

Преживеани од пожар во дискотека во Шведска што се случи пред 27 години, дојдоа во Кочани да им помогнат на семејствата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе