Вести Македонија Најважни

55 години затвор за нелегалното прислушување, Мијалков осуден на 12 години, оди во притвор 60 дена

Вкупно 55 години затвор и 5 условни казни за 12 обвинити за нелегалното прислушување.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков доби  казна затвор од 12 години за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од (УБК).

Мијалков е обвинет дека сторил кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Пресудата ја изрече петчлениот судечкиот совет во состав Џенета Бектовиќ како прв судија, Владимир Туфегџиќ како втор судија и тројца поротници. За останатите обвинети е донесена следната пресуда:

Гордана Јанкулоска – 4 години затвор

Горан Грујевски – 15 години затвор

Никола Бошковски – 15 години затвор

Надица Николиќ – 3 години затвор

Тони Јакимовски – 6 години затвор

Владимир Варелов – условна осуда од 2 години

Маријан Шумуликоски – условна осуда од 2 години

Силвана Златкова –условна осуда од 2 години

Васко Исакоски-условна осуда од 2 години

Валентина Симоноски-условна осуда од 2 години.

Никој не е над правдата, нема недопирливи, заклучи судијката Џанета Бегтовиќ, откако ја изрече пресудата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оман: Откажани нуклеарните преговори меѓу САД и Иран

Дејан Дејан

Убиена поранешна претседателка на Претставничкиот дом на Минесота

Дејан Дејан

Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе во Дубаи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе