Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за укинување на мерката куќен притвор за Сашо Мијалков и му одреди ефективен 60 дневен притвор до правосилноста на пресудата.
Судијката Џенета Бегтовиќ ја задолжи полицијата Мијалков да биде спроведен од неговата домашна адреса во КПУ Затвор Скопје.
Судот делумно го прифати барањето на Обвинителството и му одреди мерка куќен притвор.
Обвинителката Ленче Ристовска, како еден од застапниците на обвинението во случајот случајот „Таргет –Тврдина“ побара ефективен притвор, наместо куќниот кој сега е во сила за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кому денеска во Основниот кривичен суд Скопје му беше изречена затворска казна од 12 години за овој предмет, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).
-Сметаме дека мерката куќен притвор опеделена за обвинетиот Мијалков не е доволна за обезбедување негово присуство, поради што предлагаме да му биде определена мерка притвор, рече обвинителката Ристовска.
Таа образложувајќи го барањето појасни дека вчера од МВР добиле известување дека не поседуваат техничка опрема и можност за 24 часовен видео надзор над Мијалков. Дополнително, рече, е преку Европол е потврдено е дека Мијалков има дозвола за престој и регистрирана адреса во Прага и регистрирани две возила на свое име.
-Особено предлагам да се цени и фактот дека се работи за човек кој што е добро ситуиран, поседува приватни бизниси, членовите на неговото семејство исто така поседуваат приватни бизниси, и сето тоа му става на располагање можности, пред се финансиски, организира логистика и може да живее во бегство сосем комотно, рече Ристовска.
Одбраната на Мијалков смета дека предлогот на обвинетиот на Сашо Мијалков да му се определи за ефективна мерка притвор е неоснована, а како една од причините, меѓудругото наведе тоа што во моментов не му е определен со решение КОВ бр. 61/2 домашен притвор пред кој, како што рече, стриктно се наведени основите и условите, односно обврските коишто обвинетиот треба да ги исполни.
-Дали до овој момент од донесување на ова решение со каква било постапка е нарушен кој било од овие обврски, односно основот за донесување на ова решение? Одбраната, а и вие сметам дека и јавниот обвинител сметам дека е свесен дека тоа не е сторено, не е повреден ниту еден основ, рече Шврговски.