Македонија

Мнозинството стабилно, Собранието нефункционално

Парламентарното мнозинство е стабилно и нема никакви проблеми меѓу коалициските партнери. Единствените недоразбирања се внатрепартиски и тоа само во една партија. Вака говорат пратениците од СДСМ и од БЕСА, по неможноста да се обезбеди кворум за одржување седници.

БЕСА потврдува дека постојат несогласувања, но само во Министерството за култура, каде очекуваат поинакво распределување на проектите. Тврдат дека тоа не ја доведува во прашање коалицијата со СДСМ.

Според СДСМ, прашањето за стабилноста на мнозинството е обичен спин за внатрепартиски потреби од ВМРО ДПМНЕ.

Ако се сигурни во тврдењата, може да постават прашање за доверба на Владата кога сакаат. Ние сме тука и да дискутираме и да се преброиме. Владеачкото мнозинство е стабилно и во ниеден момент не се доведува во прашање поддршката на Владата, рече Јован Митрески.

Потврдата на овој став доаѓа и од пратениците на ЛДП и на Демократскиот сојуз, кои соопштија дека ќе дејствуваат надвор од пратеничката група предводена од СДСМ. Само во ДУИ владее молк, а токму нивни пратеници отсуствуваат од седниците. Последниот обид за собирање кворум без опозиција беше пред точно 10 дена, кога отсуствуваа координаторот Изет Меџити и двајца негови блиски соработници. Освен вчера за пратенички прашања, Собранието не заседавало од почетокот на месецот, а многу – веќе дебатирани закони, чекаат за гласање. Неизвесно е кога би можело да се одржи седница.

Вчера, на редовниот брифинг со новинарите, спикерот Талат Џафери рече дека тоа не може да продолжи во недоглед, дека пратениците земаат плата за да доаѓаат на работа и дека многу скоро ќе има разврска. Каква, одби да прецизира.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу: Кочани ни е во фокусот, ќе имаме средби и со директорката на Општата болница и со повредените лица

Дејан Дејан

Илјада жители од радовишките села Бучим и Тополница без вода за пиење

Дејан Дејан

АЛИУ: Чекалните во Онкологија се под секое достоинство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе