Македонија

Запалено возило на македонскиот конзулат во Солун

Запалено е возило на македонскиот конзулат во Грција, кое било паркирано во центарот на Солун. Грчката полиција вели дека била фрлен запаллив материјал, и дека е оштетен задниот дел од возилото. Настанот се уште се истражува, а се случил во 5 и 30 утрово.

Од македонското Министерство за надворешни велат дека вандалскиот акт во Солун нема да влијае врз добрососедските односи меѓу двете земји. Македонскиот Конзулат е известен дека грчките власти направиле увид, и дека ги преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и евентуалните мотиви на овој настан.

Од МНР велат дека покрај возилото на македонскиот дипломат, во истиот период, запалено било и второ возило на различно место во градот. Двата случаи се предмет на истрага, за да се откријат извршителите и мотивите, кои веруваме дека на ниту еден начин не се насочени против нашата држава, велат од МНР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу: Кочани ни е во фокусот, ќе имаме средби и со директорката на Општата болница и со повредените лица

Дејан Дејан

Илјада жители од радовишките села Бучим и Тополница без вода за пиење

Дејан Дејан

АЛИУ: Чекалните во Онкологија се под секое достоинство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе