Вести Македонија

Попишувачите ќе земаат по 4.000 денари паушал

Државниот завод за статистика го објави јавниот Конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој ќе се спроведе од 1-ви до 21-ви април годинава.

Пријавувањето на учесниците до овој момент се одвива добро и веќе се пријавени  околу 4.000 кандидати заинтересирани за попишувачи и реонски инструктори.

Пријавувањето е многу едноставно, преку електронската апликација поставена на веб страницата: https://popis2021.stat.gov.mk/ каде што може да се најдат сите информации за повикот.

На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Република Северна Македонија кои се невработени со завршено најмалку средно образование и имаат основни компјутерски вештини.

Пријавувањето трае од 23 до 28 февруари.

Дополнително, Државниот завод за статистика во Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за утврдување на надоместокот за извршените работи на учесниците во Пописот, 2021 година ги утврдува и надоместоците за реонските попишувачи и реонските инструктори.

Надоместокот за попишувачите за правилно внесени податоци во електронскиот прашалник се утврдува да изнесува:

  • за попишувач паушален износ од  4.000,00 денари;
  • за секое попишано лице  по 30,00 денари;
  • за секој попишан стан по 20,00 денари;
  • за секое попишано домаќинство по 50,00 денари;
  • за лице определено за резерва паушал од 5.000,00 денари;
  • за секој ден ангажирање по повик на резервниот попишувач 700,00 денари дневно.

Надоместокот на реонскиот инструкторот се утврдува да изнесува:

  • за реонски инструктор  паушален износ од  5. 000,00 денари;
  • за секоe попишано лице од попишувачот  по 3,00 денари;
  • за секое попишано домаќинство од попишувачот по 5,00 денари;
  • за секој попишан стан од попишувачот по 2,00 денари.

Ги поттикнуваме сите заинтересирани лица за учество во пописните активности да се пријават на Конкурсот за реонски попишувачи и реонски инструктори, а крајниот износ на надоместот ќе зависи најмногу од нив – од нивната професионалност, посветеност и квалитетот на извршеното попишување.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД

Дејан Дејан

Иран: Бесмислени се нуклеарни разговори со САД додека траат израелските напади

Дејан Дејан

Зеленски: Украинската армија го запре напредувањето на руската војска во Сумската област

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе