Продолжуваат разговорите за изнаоѓање заедничко решение, но ултиматуми не се прифатливи, дециден е министерот за економија Крешник Бектеши во врска со протестите на угостителите, организаторите на свадби и музичарите.
Според Бектеши, овие сектори беа вклучени во речиси сите досегашни економски мерки, а нивното клучно барање се однесува на измената на протоколите кои ги донесува Комисијата за заразни болести чии, пак, одлуки Владата ги почитува.
Бектеши потенцира дека главната цел на сите економски мерки е да се зачуваат работните места, особено тие во приватниот сектор, но истовремено и да се помогнат компаниите во однос на ликвидноста. Министерот верува дека ова е постигнато и порачува дека мерките за поддршка ќе продолжат доколку продолжи и кризата.
Ако земеме предвид дека токму преку четвртиот пакет мерки рестораните за организирање свадби добија директни грантови, а врз основа на нашит, а грантови добиле 125 угостителски објекти, што значи дека секоја компанија која се занимава со оваа дејност во просек добила грантови во износ од 8 илјади и 200 евра. Сите угостителски објекти кои на почетокот на пандемијата не беа регистрирани или категоризирани врз основа на Законот за угостителство во рамките на Министерството за економија, а во меѓувреме ја имаа можноста да ги категоризираат нивните објекти и да добијат помош. Од 16 економски субјекти кои се занимаваат со организирање свадби, успеавме до крајот на годината да имаме околу 125 категоризирани угостителски објекти, напомена Бектеши.
Тој изрази уверување дека ќе има намалување на невработеноста зашто има тенденција на раст на приходите од персонален данок, како и на приходите од ДДВ, а тоа значи, рече, зголемување на економската активност во земјата.