Економија Топ вести

Недвижности на Државното станбено претпријатие без податоци дека се дел од ДУП-от

69 проценти од вкупниот број на недвижности со кои управува Државното станбено претпријатие не се знае дали се дивоградби, бидејќи нема податок дали се дел од Деталните урбанистички планови. 421 објект во Скопје се бесправно вселени, а нема податоци колку такви ги има во другите градови.

435 објекти од единствената евиденција не се дел од евиденцијата на основни средства. А  за дури 40 проценти од сите недвижности нема податоци дали се издадени под закуп. Ова се само дел од низата забелешки на ревизорите за работењето и за трошењето на парите во Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор – поради што ревизорите не изразуваат мислење.

Државен завод за ревизија: „Не бевме во можност да прибавиме достатни и соодветни ревизорски докази како основа за мислење за ревизија. Следствено ние не изразуваме мислење за финансиските извештаи на Акционерското друштво за 2019 година кои беа предмет на ревизија.“- стои во извештајот.

Од државното станбено претпријатие пак велат таква состојба затекнале.

АДИССДП: „Станува збор за затекната состојба на чие надминување во изминатиот период во континуитет се работи. Во фаза на изработка е нова база на податоци, односно се врши ажурирање на податоците во однос на станбените и деловните единици со кои располага и со кои стопанисува Друштвото.“

Ревизорите имаат низа забелешки и за јавните набавки за кои во 2018 и 2019 година друштвото потрошило 15,5 милиони евра. Се доцнело со одлуките за избор на најповолен понудувач, имало и математички грешки во цените, а некои договори биле склучени и без тендер. Таков бил тој за набавка на електрична енергија вреден 284.000 евра.

Ревизорите предупредуваат дека доколку Градот Скопје преку Друшто кое го основа го презема управувањето со топловодната мрежа, тоа може да заврши на меѓународна арбитража бидејќи лиценцата на БЕГ важи до 2047 година, а вложувањата се проценети на 7,4 милиони евра.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе