Раздвижено денеска на улицата „Салвадор Аљенте“ која води до куќата на притворениот Сашо Мијалков. На влез полициска патрола ги претресува сите возила кои доаѓаат од тој правец и пребарува по багажниците. Од другата страна на улицата помирно, со неколку полициски возила пред врата на Мијалкови. Претрес и евиденција се прави на сите посетители дури и на неговиот постар син Јордан Мијалков. Тој не сакаше да ги коментира изјавите на премиерот Зоран Заев дека биле под закана и поради притисокот кој го имал Мијалков се предал.
Вчера премиерот Зоран Заев откако се појави Мијалков се пофали дека власта е таа која направила притисок врз семејството на екс началникот на УБК и поради тоа тој се предал.
А според изворите на Телма од обвинителството Мијалков сепак ке остане во кукен притвор барем до петок кога ке има пресуда за Таргет Тврдина во кој е обвинет Мијалков. Државниот обвинител љубомир Јовески кусо ни одговори само дека ке се почека до нејзино објавување. Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска денеска не одговара на пораките, но ако може да се суди по она што го најави вчера не е сигурно ниту дали во петок ке се бара затворски притвор за Мијалков.
И денеска остана неодговорено прашањето како можеше обвинителството да ја повлече жалбата за куќниот притвор со која бараше апелација да одреди ефективен затворски. Вчера обвинителката Русковска тврдеше дека претседателот на кривичниот суд Иван Џолев замолил да се повлече жалбата оти секако Мијалков не бил достапен. Денеска Џолев одбива да коментира каква била неговата улога и зошто тој од позивција на претседател на суд се мешал во постапката.
Не сакам да давам коментар, а и не сакам судот да се инволвира бидејќи се што направи беше правилно и без грешка.
Сега интересно е и тоа дали адвокатите на Мијалков се повлекле од жалбата на куќниот притвор исто како и обвинителството, но тие не одговараат на телефонските повици. Од апелациониот суд каде треба да пристигне предметот велат дека се уште не е испратен од кривичен. Во меѓувреме остана нејасно и прашањето како може да му биде одреден домашен притвор со видео и електронски 24 часовен надзор кога од МВР велат дека немаат опрема за такво нешто. Ова е новина во законот која никој до сега не ја применил а според извори во судот ова е прв ваков случај што се применува токму за Мијалков. Наместо тоа сега од МВР велат дека распоредиле голем број на полицајци околу куката па тие ке го заменат видео надзорот. Инаку токму додека во неделата полицијата го следела неговото движење тој исчезна и се врати сам со објаснување дека се изолирал поради ковид симптоми.
Мијалков е обвинет за три дела злосторничко здружување, стекнување корист и злоупотреба на службена положба, а токму рочиштата неколку патѕи беша одложувани оти тој во средината на октомври пријави дека е позитивен на Ковид 19.
Билјана Николовска
Од скопскиот Кривичен суд вечерва за Телма појаснија дека жалбата за кучниот притвор на Мијалков била повлечена од страна на Јавното обвинителство и дека Судот ниту има надлежност ниту било кога се мешал во работата на обвинителството. Дополнително и државниот обвинител Љубомир Јовески потврди дека тој го потпишал актот за повлекување на жалбата за куќниот притвор на Мијалков. Изјавата дека иницијативата за повлекување на барањето за притвор дошла од Судот ја даде синиќа обвинителката Рускоска.