Без сознанија каде е Сашо Мијалков.
Од МВР најавија прес конференција со повеќе детали за истрагата, додека обвинителката за гонење организиран криминал и корупција Вилма Рускоска од вчера вечаер до сега даде три интервјуа и изјави.
Во јавните настапи Русковска кажува детали дека таа лично од свој извор дознала за планот за бегството на Мијалков и дека го известила министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во саботата кога почнале постапките за определување на притвор.
Обвинителката за А1-ОН изјави дека нејзината информација била дека Мијалков ќе бега пеш преку зелената гранична зона кон Србија. Таа првично рече и дека е можно Мијалков да е уште во државата, а во друго интервју за слободен печат рече дека пасошот му е одземен, а нема информации дали има чешки или хравтски пасош.
Според информациите на Телма, Сашо Мијалков има чешко државјанство и чешка лична карта, но нема пасош на таа држава. Обвинителството смета дека некој ја издал постапката за притвор по што Мијалков дознал и пред да стигнат полицајците на негова врата исчезнал.
Русковска тврди дека никој од обвинителството не е кртот, но засега нема потврда каде е пробиена информацијата, дали во судот, обвинителството или во полиција. Полициски патроли и натаму се околу куќата на Мијалков на Водно каде последен пат е лоциран како и пред хотелот Мериот.
Вчера во полиција беа повикани синовите, сопругата и братот на бегалецот Сашо Мијалков по кого веќе е издадена и меѓународна потерница.
Миомир Серафиновиќ