Ако британскиот сој на КОВИД-19 влезе во едно семејство, тогаш 80 проценти од домашните се позитивни на вирусот, велат епидемиолозите од Прилеп, каде бројот на новозаболени и натаму е во драматичен пораст. Само во изминатата недела регистрирани се 270 случаи , а 11 лица починале од компликации на вирусот. Градот има највисока 7 дневна инцидeнца, а бројот на новозаболени е зголемен за 40 проценти, за разлика од Охрид и Квадарци каде има блага стагнација, велат епидемиолозите.
–Британската мутација на вирусот е многу позаразна, многу полесно се шири и има една карактеристика за разлика од претходниот сој на вирусот, ако еден член од семејството е позитивен на вирусот тогаш буквално 80 проценти од останатите членови на семесјството за краток временски период развиваат симптоми и се позитивни на тестирањето за присуство на вирусот . Вториот битен елемент и факт е опуштањето на населението. Сведоци сме дека не се почитуваат препорачаните мерки, вели д-р Горан Кузески, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Прилеп
Освен непочитувањето на мерките, дополнителен проблем на епидемиолозите им создава и криењето на контактите, што е уште една причина за масовно ширење на вирусот во Прилеп
-Другиот реален проблем со кој се соочуваме при правењето на епидемиолошките анкети и анализи е криењето на контакти. Ако изминатата недела во Прилеп се регистрирани 267 слуачи, во изолација има 260 контакти на овие позитивни слуачи, што доаѓа 1:1 во просек. Тоа е голем проблем, затоа што позитвните лица ги кријат контактите, вели д-р Кузески.
Во прилепската болница вкупно се хоспитлазирани 59 пациенти, 40 од нив, или 70 проценти, се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка. Поради потребата од болничко лекување, се прошируваат капацитетите, па освен Инфективното, во КОВИД центри повторно се адаптираат и другите оддели. Епидемиолозите велат дека трендот на забрзан раст на бројот на новозаболени во Прилеп ќе продолжи и во наредните неколку недели.
Емилија Мисирлиевски