Македонија Најважни

Обвинителството барало притвор, судот определил куќен

Поради опасност од бегство во пресрет на пресудата за предметот „Таргет Тврдина“, обвинителството побарало притвор во истражниот затвор Шутка за екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, а кривичниот суд му определил куќен притвор со 24 часовен  и видео и електронски надзор, информираат од основниот суд Скопје 1.

Предлогот за притвор на обвинителството за организиран криминал пристигнало во судот вчера во 15 часот а Кривичен совет од тројца судии одлучил во рок од 3 часа, објавија од Кривичниот суд.

Откако во петокот беа дадени и завршните зборови на одбраната и беше закажана пресуда за 26 феврувари, обвинителството викендот добило нови сознанија од полицијата дека постои опасност поранешниот директор на УБК да избега, поради што предложиле мерка притвор.

Првите индиции дека можеби се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков Министерството за внатрешни работи ги сподели со обвинителството на 20.02.2021 година (сабота) во 23:00 часот. Во неделата утрото по направените неопходни проверки, изготвен е предлог за определување на притвор. Во 12:00 часот со цел да обезбеди услови за прием на предлогот за притвор, обвинителството го извести Основниот кривичен суд – Скопје за изготвениот предлог, како и Министерството за внатрешни работи. По исполнување на административните процедури, предметните обвинители во 14:30 часот се упатиле во Основниот кривичен суд – Скопје, каде во 15:00 часот Предлогот за определување на притвор е примен од судот и со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му е определeна мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. Решението од страна на обвинителството  е примено во 18:45 часот. Во меѓувреме, до приемот на решението, јавните обвинители се известувани од надлежни лица во Министeрството за внатрешни работи дека имаат визуелен контакт со обвинетиот Мијалков и дека тој не е избеган, се вели во соопштението на обвинителството.

Во таа насока е и соопштението од Кривичниот суд од каде велат дека во прилог на предлогот од обвинителството имало и известување  од МВР.

Откако е утврдено дека надлежен за постапување по предлогот е Кривичниот совет при Одделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја  предвид итноста на постапката, иако судот Законски имал рок од 24 часа да одлучува со оглед да предлогот е поднесен за време на викенд, советот во корелација со документацијата за сомневањето за бегство приложена од обвинителството со прилог известување доставени од Бирото за јавна безбедност при МВР, веднаш започна со постапување и  донесе решени со кое на обвинетиот му определи мерка куќен притвор со 24 часовен надзор како и видео и електронски надзор, а во 18:30 часот решението веќе беше експедирано до МВР како надлежни за понатамошно постапување, стои во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Одбраната може да се жали пред Апелацискиот суд во Скопје во рок од 24 часа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиите разговараат за пополнување на правната празнина за независните кандидати

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со непомирливи разлики за последните измени на Законот за работни односи

Дејан Дејан

Мицкоски и Филипче со контраобвинувања за Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе