Вакцините на „Фајзер“ во земјава ги имаме во количина на тестер за шампон, тие на „Синофарм“ се уште се товарат во авион, а тие од КОВАКС се на ветување. Вака некако изгледа вакциналниот картон на Македонија, на кој од вчера е впишана и руската вакцина „Спутник В“, за која во петокот стручен тим од Министерството за здравство имале состанок со на рускиот производител Спутник В на кој, како што информираат од Здравство за Телма, биле разменети информации во врска со стручните анализи за вацината, услови и како и понуда за вакцината против Ковид 19 од овој прозиводител.
Во неделата лично премиерот Зоран Заев изјави, за денеска да повтори дека дал насоки за купување на руската вакцина.
„Влегоа веднаш во разговори, му благодарам на амбасадорот во Русија кој што ни помага и асистира, за да можеме час покор формалностите околу преддговори договори, осигурувања сите детали кои постојат, како и за сите други вакцији да ги направиме“, рече Заев.
Одлуката за набавка на руската вакцина дојде ненадејно. Откако Заев во услови кога во земјава има само 4.680 вакцини и 200.000 купени, но не дистрибуирани, во петокот изјави дека земјава нема потреба да трупа вакцини, по што министерот за здравство Венко Филипче во саботата се обиде да го дообјасни велејќи дека не се правеле дополнителни нарачки оти вирусот мутирал:
„На крајот може да се доведете во состојба да имате три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинациија или два милиони потребни вакцин. Се работи за скапа, многу важна работа“, изјави во петокот Заев.
„Значи, не сакаме да се доведеме во ситуација да имаме во еден временски период, многу краток, на огромна количина вакцини, која е, на пример, сега ефикасна, но на есен, можеби, или на крајот на годината нема да биде ефикасна заради тоа што мутирал вирусот. На тоа се однесува изјавата“, објаснуваше ден потоа Филипче.
Заев премислувањето во рок од само 48 часа за руската вакцина го објасни со тоа дека по направените пресметки се покажало дека има простор за дополнителна набавка на вакцини, овојпат без да го спомене трупањето на вакцини.
Телма побара информации од министерството за здравство дали одлуката на набавката на руската вакцина се должи на неизвесноста на потпишувањето на директниот договор со „Фајзер“.
„Не постои неизвесност во потпишувањето на договорот со компанијата „Фајзер“, договорот очекуваме наскоро да се потпише“, се наведува во одговорот од Министерството за здравство.
И додека се трга во набавка на нова вакцина, претходните три се уште се само на хартија. Кинеската „Синофарм“ чекаше да заврши кинеската Нова година за да биде утоварена на авион, за што најавите се дека ќе биде направено до крајот на неделава, додека договорот со Фајзер за директна набавка на 800.000 вакцини никако да ги комплетира сите потребни документи. Како што дознава Телма, меѓу последните барања на „Фајзер“ од земјава биле поврзани со транспортот и чувањето на вакцината. Истовремено се чека и датумот за испорака на првата транша од 103.000 вакцини од КОВАКС најавени дека ќе бидат дистрибуирани во идните четири месеци.
Во меѓувреме полека се трошат дозите на „Фајзер“ вакцините кои стигнаа од Србија, со надеж дека наскоро и од таму ќе стигнат и преостантите 3.320 вакцини за да може да се вакцинира барем 4.000 медицински персонал од првата фаза за вакцинација.
Тамара Грнчароска