Секој граѓанин кој на претстојниот попис во Македонија ќе се декларира како македонски Бугарин да може да добие бугарско државјанство со поедноставена процедура. Писмо со вакво барање до бугарскиот државен врв, претседателот Радев, премиерот Борисов, министрите Каракачанов и Захариева, испрати невладината Културен центaр „Иван Михајлов“ од Битола.
Членовите на здружението се жалат дека одат до Софија да ги потврдат своите бугарски корени, па бараат само со достава на фотокопија од формуларот пополнет на пописот да докажат дека се региатрирале како Бугари.
„Бараме радикално поедноставување на постапките за добивање бугарско државјанство, што ќе не заштити од притисокот на бугарофобијата. Апелираме секој граѓанин на Република Македонија кој со фотокопија од пополнетиот формулар за време на пописот ќе докаже дека се осмелил да се регистрира како „македонски Бугарин“ да добие по желба бугарско државјанство по скратена постапка, се наведува меѓу другото во писмото до државниот врв на Бугарија Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола.
Телма побара изјава од генералниот конзул на Бугарија во Битола, Димитар Иванов, но тој рече дека е затечен од прашањето и побара време за да одгвоори
Од Генералниот бугарски конзулат во Битола велат дека се уште не слушнале за иницијативата да се олесне процедурата за добивање бугарско државјаноство на оние кои на пописот би се изјаснале како Бугари. Велат ќе одговорат откако ќе имаат повеќе информации.
Телма разговараше и со членовите на Културниот центар Иван Михајлов од Битола, ја потврдија автентичноста на писмото, но и тие одбија да дадат изјава. Веруваат дека ќе наидат на позитивен одгворо на нивното барање до буграскиот државен врв.
Емилија Мисирлиевска