Не мислев дека е голема грешка, ниту пак дека ќе се дигне толквата прашина, но за направениот пропуст ја прифаќам одговорноста, затоа што на списокот стои мој потпис. Вака за Телма одговори директорот на Охридската болница Горан Балески, на бурните реакции во јавноста откако органзациониот секретар на оваа здравствена установа, инаку правник по професија, се вакцинираше против КОВИД-19 заедно со првата група здравствени работници, што е спротивно од на Планот за вакцинација.
Директорот Балевски вели дека секретарот, иако не е здраствени работник, бил секогаш на првата борбена линија, помагал во сите одделенија на болницата кои се адаптирани во КОВИД центри. Бил ставен на списокот откако отпаднеле здравствени работници кои биле позитивни на вирусот.
-Учествуваше активно, не е грев, како да речам, секаде одеше, греота е да се рече. Не го сфатив тоа дека е кој знае каква грешка или дека ќе се дигне толква галама. Тој организира се, проверува се, од боци кревање до контрола на вработените. Влегува во сите КОВИД оддели. Не е голем пропоуст, единсвено што е мената категоријата. Можеби требаше во втората или подоцна, но затоа што имавме позитивни отккао го дадовме списокот, затоа го ставивме, изјави д-р Горан Балески, директор на болницата во Охрид.
.Балевски вели болницата има 5 објекти кои се КОВИД оддели, па има многу вработени кои се во директен контакт со позитивни пациенти. Тврди дека се работи за изолиран слуачј, но сепак спискот ќе се ревидра
-Ние ќе направиме повторно ревизија на списокот, но цела болница е павилјонски тип. Тоа не е една згрaда па само тие што влегуваат во неа ќе ги ставиме на списокот. Пет згради се, значи на 5 разлилни места лежат позитивни пациенти. Има на хирургија, на интерно, нервно, педијатрија, очно, вели Балески.
Прмиерот Заев денеска рече дека ќе се преземат конкретни чекори за да не се повторат вакви слуачи, кои би го нарушиле планот за вакцинација, а од Министерството за здравсвто најавија санкции за оние кои направиле злоупотреба при процесот
„Ниту едно лице кое не се наоѓа во групата што во моментов има приоритет за вакцинирање, а тоа се само здравствените работници кои работат во ковид-центрите и со ковид пациенти не смее да се вакцинира. Листите за вакцинација беа доставени од страна на директорите на секоја здравствена институција и истите уште утре веднаш ќе бидат ревидирани, а оние кои направиле злоупотреби ќе бидат соодветно санкционирани“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
Инаку досега првата доза од вакцината ја примиле 1005 здравствени работници. Вакцинирани се најголем дел од медицинскиот персонал на Инфективната клиника и болницата „8 Септември“. Утре продолжува имунизацијата на вработените од Итната помош, потоа од КОВИД центрите од внатрешноста и другите болници во Скопје.
ЕМИЛИЈА МИСИРЛИЕВСКА