Македонија Топ вести

„Сплотени во победа“ тргнуваат по одговорност од Мицковски и негова смена

Христијан Мицковски актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ да одговори: дали ја обединил партијата, дали и го вратил меѓународниот углед и дали обезбедил победа на парламентарните и претседателските избори како што ветил пред 3 години. Ако не победи на 17 вонреден конгрес на 28 март да си замине за да бираме нов претседател, побараа незадоволните челнови и пораншени партиски функоцинери обединети по иницијативата за смена за Мицковски симболично пред музјот на ВМРО под слоганот „сплотени во победа“.

Наслов: „Сплотени во победа“ тргнуваат по одговорност од Мицковски и негова смена

Најава: Христијан Мицковски актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ да одговори: дали ја обединил партијата, дали и го вратил меѓународниот углед и дали обезбедил победа на парламентарните и претседателските избори како што ветил пред 3 години. Ако не победи на 17 вонреден конгрес на 28 март да си замине за да бираме нов претседател, побараа незадоволните челнови и пораншени партиски функоцинери обединети по иницијативата за смена за Мицковски симболично пред музјот на ВМРО под слоганот „сплотени во победа“.

Со скандирање пред музејот на ВМРО под слоганот „Сплотени во победа“ иницијативата за промени во партијата ВМРО – ДПМНЕ тргнува во внатрепартиска офанзива. Поранешни градоначалници, владини и партиски функцинери денеска во мал број но велат секојдневно расте поддршка. Целтта е  на 28 март Христијан Мицковски да не добие доверба од делегатите бидејќи ветувал победи, а донел порази на сите изминати изборни соочувања со актуелната власт.

Дали ја обединил партијата, дали и го вратил меѓународниот углед и дали обезбедил победа на парламентарните и претседателските избори како што ветил пред 3 години. Ова се прашањата на кои ќе одговара Мицковски на 17-тиот вонреден конгрес за месец и половина во Скопје.

Се огласи и ВМРО-ДПМНЕ според кои конгресот е добра прилика за прочистување на партиите и правење разлика. Иницијатвиата ја нерекоа Групација Мериот која според нив е сплотена за спас на Заев. Во партиското осоопштените се наведува дека  единствениот конгрес кој постои е редовниот и тој ќе се одржи во ноември, а не како што најавува иницијативниот одбор на 28 ми март. Повеќе од 6 месеци поединци и поддржувачи на ицијативата за смена на Мицковски информираат дека по неколку месеци интензивна работа, успеале да обезбедат поддршка и потписи од големо мнозинство на делегати кои учествувале при изборот на актуелниот претседател Христијан Мицкоски. Делегатите кои пристапија се едногласни дека Мицкоски ги изневерил очекувањата и дека не исполнил ниту едно од дадените ветувања за враќање на партијата на победничките патеки, беше објавено до иницјативниот одбор пред само десетина дена.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азир Алиу и официјално ја наследува министерската фотелја на својот доскорешен партиски лидер Таравари

Дејан Дејан

Над 94 милиони евра стекнати спротивно на законот- МВР ја објави кривичната пријава за групата на Крмзов

Дејан Дејан

Политичката реторика е рецепт како може да се убие ентузијазам на оваа група луѓе која стана заедница, Сапорт Кочани не се препознава во говорот на Мицкоски за некрофилија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе