Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ собира потписи за поништување на Законот за попис

Почна акцијата на опозциската ВМРО ДПМНЕ низ земјава за поништување на Законот за попис во април годинава. Барајќи оваа статистичка операција да се  одложи за една година. За опозицијата спорни се членовите, кој се има право да пошишува, но и кој ќе ги дава податоците на граѓаните кои ќе се попишуваат. Граѓанските потписи не можат да се искористат како валидни во ниту една институција, бидејќи не се собираат во канцелариите на Државната изборна комисија, сепак пратеникот Иван Јорданов вели дека преку потписите го црпат легитмитетот од граѓаните.

Граѓаните кои денеска се потпишуваа на овие листови на пунктовите велат пораката до власта е дека се против криминален попис.

Раководството на ВМРО ДПМНЕ негира дека со оваа граѓанска акција прави пребројување на членството пред конгресот на партијата. Инаку пописот на населението и домаќинставата треба да почне за 40 дена, ваква голема статистичка операција во земјава не е одржана речиси две децении.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Аврамовски: Институциите имаат сериозен проблем со планирањето за исполнување на реформската агенда

Дејан Дејан

Внука со нож се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо во Битола

Дејан Дејан

Мицкоски го обвини Османи дека ставил нож во плуќата на македонскиот идентитет, поранешниот министер му одговори дека покрај етничката разгорува и религиска нетолеранција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе