Култура Топ вести

Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска на 67. годишна возраст. Балканската музичка ѕвезда почина од компликации од Ковид-19 во Клиничкиот центар „Војводина“ во Нови Сад. Според српските медиуми тој пред три дена бил хоспитализиран поради тешко воспаление на белите дробови.

Балашевиќ е пејач, текстописец, писател и актер. Во неговата музичка кариера беше член на групите „Жетва“ и „Рани мраз“, а во 1982 година  ја за почнува и својата соло кариера во која има издадено 12 албуми и голем број на хитови кои се слушаат повеќе од 40 години.

Покрај музиката, тој како актер или режисер се појавува и во неколку телевизиски серии и играни филмови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

(ФОТО) Без доволно храна и вода, морето е единствено разладување за луѓето од Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе