Зошто доцнат и кога ќе бидат објавени резултатите од годишните конкурси на Министерството за култура , прашуваат од Македонската асоцијација на издавачи. Тие се разочарани од пробиениот рок и од односот на министерството кое лани било ригорозно и во услови на пандемија барало од издавачите да ги завршат обрските до 15 ноември, наместо до средината на декември. Од МАИ велат и дека ги подмириле обврските кон Министерството за култура, а се ставени во незавидна положба заради одлуката да нема исплата на проекти од 2020 година, додека траат финансиските ревизии .
Министерството за култура го проби рокот за објавување на резултатите од годишните конкурси и немаме одговор зошто се доцни, велат од Македонската асоцијација на издавачи. Тие се разочарани од односот на министерството зашто, како што велат, тоа го пролонгира објавувањето на резултатите , а на издавачите не им дозволило лани , во услови на пандемија, да ги довршат обврските еден месец подоцна од законски предвидениот рок до 15 ноември.
- Законскиот рок е 45 дена од донесувањето на буџетот за 2021 година. Тоа беше на 20 декември, што значи до 3 февруари требаше да имаме резултати. Меѓутоа тие резултати ги нема .Немаме добиено никакво образложение од нивна страна зошто е тоа доцнење. А од друга страна, тие минатата година нашето законско право да искористиме доцнење од 1 месец за реализирањето на проектите од Годишната програма за 2020 година и покрај кризата , и покрај нивното претходно доцнење , не го дозволија. Нашиот став е дека сме разочарани од односот – Наташа Атанасовска-Македонска асоцијација на издавачи.
Од Министерството за култура се повикуваат на Законот за култура, според кој не е изрично забрането пролонгирањето за објавување на одобрените проекти, а велат и дека може да постапат според Законот за општа управна постапка , кој дозволува рокот за одлучување по апликациите да се продолжи за најмногу 30 дена. Причините ги лоцираат во Ковид кризата.
Министерство за култура: Стручните комисии работеа во исклучително отежнати услови, предизвикани од Ковид-пандемијата.Во процесот на одлучување се соочивме со реални потешкотии и прекин на работата поради здравствени причини и ковид позитивни членови на комисијата. Почитувајќи ги ковид протоколите обемниот број апликации темелно се разгледуваат и бодираат по новата евалуациска матрица. Процесот на одлучување и оценување од страна на стручните комисии е во финална фаза.
Од МАИ велат дека издавачите ги завршиле обврските кон Министерството за култура за 2020 година, но дека се ставени во незавидна положба поради запрената исплата на проекти од ресорот. Таа се спроведува со одлука на Влада, додека трае финансиската ревизија во министерството од Финансиската полиција, а потоа ќе продолжи и Секторот за финансиска инспекција при МФ.
Сотир Трајков