Македонија Топ вести

Промената на имињата на улиците на штета на фирмите?!

Со промената на имињата на улиците, граѓаните не мора веднаш да ги сменат личните карти, но економските експерти предупредуваат дека тоа ќе биде директен трошок за компаниите. Ќе влијае на нивната профитабилност која е лоша периодов.

-Компаниите, заради запазување на ажурноста како законска обврска уредена со Законот за даночната постапка, Законот за едношалтерскиот систем и Законот за регистрирање на готовинските плаќања ќе мора да: – ги променат податоците во Централниот регистар и да платат за тоа, да ги уредат записите во софтверите за издавање на фискални сметки и да платат за тоа, да  ја известат УЈП преку РДО за ваквите промени и усогласат документација, интерни софтвери, интернет страници, што значи да трошат ресурси и време, пишува  економскиот експерт Павел Гацов.

Комисијата што го составува регистарот денеска ќе ја изготви финалната верзија, која ќе треба да биде усвоена од Советот на Градот.Скопскиот градоначалник најавува благи корекции на списокот, но не и изземање на сите имиња за кои деновиве имаше реакции во јавноста. Отфрла каква било политичка конотација, велејќи дека само исполнува предизборно ветување кон скопјани, кои сакале да ги врати старите имиња на улиците.

-Ленинова не е во чест на Владимир Илич, Ленинова е за скопјани, Железничка е за скопјани, треба да се разбере тоа, вели Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.

Во меѓувреме, реагираа и од Демократскиот сојуз на Власите, кои бараат од списокот да се тргне Али Паша Јанински, кој вршел геноцид врз влашкиот народ. Се бара да се тргнат и лицата од Призренската лига кои се идејни творци на идејата за Голема Албанија, а реакции има и за бришењето на имињата на револуционери и ставање на личности кои немаат допирна точка со Скопје.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азир Алиу и официјално ја наследува министерската фотелја на својот доскорешен партиски лидер Таравари

Дејан Дејан

Над 94 милиони евра стекнати спротивно на законот- МВР ја објави кривичната пријава за групата на Крмзов

Дејан Дејан

Политичката реторика е рецепт како може да се убие ентузијазам на оваа група луѓе која стана заедница, Сапорт Кочани не се препознава во говорот на Мицкоски за некрофилија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе