Легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ почина денеска на 67. годишна возраст. Балканската музичка ѕвезда почина од компликации од Ковид-19 во Клиничкиот центар „Војводина“ во Нови Сад. Според српските медиуми тој пред три дена бил хоспитализиран поради тешко воспаление на белите дробови.
Балашевиќ е пејач, текстописец, писател и актер. Во неговата музичка кариера беше член на групите „Жетва“ и „Рани мраз“, а во 1982 година ја за почнува и својата соло кариера во која има издадено 12 албуми и голем број на хитови кои се слушаат повеќе од 40 години.
Покрај музиката, тој како актер или режисер се појавува и во неколку телевизиски серии и играни филмови.