Македонија Топ вести

МВР нема правна основа за трансфер на отисоците од прст

Постапката за набавка на хардвер, софтвер, терминали, обука и други неопходни подготовки за воведување на новиот начин на гласање – се уште не може да почне. МВР, кое единствено располага со базата на отисоци од прст, нема законско овластување  да и даде вакви податоци на ДИК, која потоа би ги внела во електронските изводи на Избирачкиот список. Без правно решение, велат од ДИК, не може да  почне тендерската процедура. Неопходни се измени на Изборниот законик на барем два члена, што треба Министерството за правда да ги предложи до Собранието. Ова беше констатирано на средбата меѓу министерот Оливер Спасовски и членовите на ДИК. „Спасовски ја потенцирал потребата од формирање заедничка работна група, која ќе ги реши сите дилеми, но и нужноста од генерална стратегија за сајбер безбедност“, се вели во соопштението од МВР.

Од Владата апелираат ДИК што поскоро да почне со набавката на потребната опрема и уверуваат дека проверката на гласачите преку фингерпринт ќе внесе дополнителна доверба во изборниот процес.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ исто така инсистира да се почитува законот и гласањето со отисок од прст да се примени веќе на локалните избори на есен. Тоа треба да ги исфрли од употреба спрејот и уве ламбата, кои се користеа за да се утврди дека лицето гласало само еднаш. Проверката ќе се прави со посебни терминали, во кои ќе бидат внесени изводи од избирачките списоци, на кои, покрај името, адресата и фотографијата, ќе стои и отисок од показалец. Соседна Албанија ќе ја примени оваа процедура на изборите оваа пролет.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азир Алиу и официјално ја наследува министерската фотелја на својот доскорешен партиски лидер Таравари

Дејан Дејан

Над 94 милиони евра стекнати спротивно на законот- МВР ја објави кривичната пријава за групата на Крмзов

Дејан Дејан

Политичката реторика е рецепт како може да се убие ентузијазам на оваа група луѓе која стана заедница, Сапорт Кочани не се препознава во говорот на Мицкоски за некрофилија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе