Вести Македонија Топ вести

Аполо 11, Лева Патика – предлози на Град Скопје заа нови имиња на улиците

Дали сте чуле за Андерсон Бенедикт Ричард О`Горман?Или за Гега Карл?За Пауел Роберт Баден?Жак Фреско?Мишел Де Серт? Првиот е британски политички научник, вториот е проектант на австриска железница, третиот е британски воен старешина. Фреско е американски футурист, а Де Серт е француски философ. Нивните имиња се на листата на Град Скопје, заедно со музичарите Дејвид Боуви и Френк Запа, како и групата „Квин„. Од писателите се Маркес, Орвел, Моравија, Хемингвеј, Кларк, од сликарите Пикасо, Моне, Сезан, Реноар. На „Френклин Рузвелт„ ќе му се придружи и сопругата Еленор.Своја улица ќе добие и париската катедрала Нотр Дам, но и скопскиот земјотрес!

На списокот од 571 име има и светци. Света Лидија и Свети Сава се веднаш зад Аполо 11 и Нил Армстронг. Градскиот парк ќе биде „Безвременски„, а ќе има и „Винска„ улица. Свои улици ќе добијат и македонските музички групи „Леб и Сол„ , „Бис Без„, „Лева патика„и „Мизар„, како и пејачките Есма Реџепова и Вања Лазарова.. На листата се и филмовите„Медена земја„ и „Фросина„, но и кројачот Ангелковски.  Од останатите области се новинарот Никола Младенов, Атина Бојаџи, покојниот заменик-градоначалник на Скопје, Енвер Малиќи, писателите Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Блаже Конески. Меѓу имињата е и  српскиот актер Небојша Глоговац.Во истакнатите Албанци се и неколкумина делегати на Призренската лига која ја основа идејата за Голема Албанија. Се предлага име на улица и по местото каде се потпиша договорот за промена на името на државата – Нивици.Во име на добрососедството, улици ќе добијат и грчкиот командант Вафијадис Маркос  и бугарските банкари Евлоги и Христо Георгиеви.

Се враќаат и имињата на некои скопски улици, популарни во минатото. „Јордан Мијалков“, повторно ќе се вика „Железничка“,„Аминта Трети“-„Ленинова“,а „Петре Пирузе „- „Мексичка „.

Листата предизвика многу реакции на социјалните мрежи, особено за имињата на странските музичари. Професорката Најчевска вели дека токму тоа е и целта.

Скопскиот градоначалник тврди дека сега само се создава регистар, од кој ќе се црпат идните имиња на улиците. Но, се надева дека ќе стигне да смени дел од имињата во законскиот рок, бидејќи не смеат да се менуваат шест месеци пред локални избори.

Новите имиња на улици се и нови маки за скопјани. Тоа не повлекува и промена на адресите во личните карти, но се создава хаос со институциите и комуналните претпријатија, кои не ги менуваат автоматски улиците во документите и сметките ги испраќаат на старите адреси.  Личните карти не мора веднаш да се сменат, но граѓаните мора сами да одат во градската администрација, за да биде сменета адресата во документацијата. Последен пат 240 скопски улици беа преименувани во 2013 та година, кога на власт беа ВМРО ДПМНЕ.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Гувернерот Њусом ништо не презеде за да го запре насилството во Лос Анџелес, обвинува Белата куќа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе