Економија Ковид19 Најважни

Цела 2021-ва ќе траат мерките од 5-тиот пакет за економска помош поради пандемијата

Цела 2021-ва ќе траат мерките од 5-тиот пакет за економска помош поради пандемијата. Пакетот е подделен во 29 различни мерки, а тежи речиси 10 милијарди денари односно 160 милиони евра. Опфатени се извозните компании кои ќе добијат царински олеснувања, земјоделците односно тутунарите и лозарите кои ќе добијат директна финансиска помош, како и туризмот, индустријата за настани, радиодифузерите, спортските клубови, но директно и граѓаните за кои е предвидено бришење на камати од долгови кон државните и локалните претпријатија.

Првата мерка се помош за плати која ќе ја добијат околу 60 илјади вработени во февруари и март. Вредноста на оваа мерка е околу 2 милијарди денари, а на компаниите им е оставена можност да изберат дали да добијат субвенции за плата или бескаматни кредити за развој. Фирмите нема да вратат ниту денар доколку половината од висината на субвенциите за плати наместо да ја враќаат кон буџетот ја потрошат за раст и развој. Ова е последно пандемиско субвенционирање со плати бидејќи владата и премиерот очекуваат бледнеење на кризата, видлив раст на БДП во вториот квартал и опоравување и раст од јули натаму.

За граѓаните кои се натежнати со камати на долгови кон јавни претпријатија или УЈП и други државни институции е предвидено бришење и простување на каматите со тоа што основниот долг ќе мора да го платат за една година. Владата апелираше и до ЕВН и БЕГ да ги избришат каматите од неплатените сметки за струја и парно, а за да профункционира оваа мерка ќе се менува законот за трговски друштва за да не се плаќа данок на отпишани долгови.

Фирмите кои досега искористиле пари од 4-те пакети, но не ги трошеле за намената како на пример за платите за работниците нема да добијат ниту денар од 5-тиот пакет.

Мерките се донесени според оптимистичкот модел за движење на пандемијата, сценарио што се оставрува и поради почнатата вакцинација низ светот. Парите за спроведување на мерките во првите 6 месеци од годината се пресметани во буџетот, а за остатокот ќе има ребаланс согласно економските резултати.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ако трговците се служат со трикови, Владата ќе се служи со мерки

Дејан Дејан

Врховен ја поништи зголемената пресуда за дрога на Васил Јованов – Апелација го осудила без да го викне

Дејан Дејан

Мицкоски најави дека до крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добие поддршка за нов гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе