Актуелниот светски, европски и германски шампион, Баерн го официјализираше трансферот на дефанзивецот Дајо Упамекано, кој на Баварците ќе им се приклучи по завршувањето на сезоната.
Баерн на Лајпциг за 21 годишниот фудбалер ќе му плати обештетување од 42 милиони евра, а францускиот репрезентативец во редовите на Баварците ќе остане до 2026 година.
Упамекано на Алијанц арената доаѓа како замена за Давид Алаба кој летово ќе има статус на слободен играч и дефинитивно си заминува од Баерн.
Инаку Баварците успеаа да го ангажираат талентираниот дефанзивец иако во трката беа Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Челзи, Реал Мадрид и Јувентус.