Култура Топ вести

Финансиска полиција ќе истражува како се распределувале парите во Министерството за култура

Финансика полиција влегува во Министерството за култура од понеделник. Причина се наоди за можни злоупотреби на сретстава, утврдени во ревизорските извештаи за 2018 и 2019 година. Со тоа истрагата за распределбата на сретставата преку одобрените проекти со годишните конкурси се проширува од првично најавената  само за неисплатени проекти од минатата година.

Финансиската полиција од понеделник ќе ја истражува распределбата на буџетските пари со одобрените проекти на годишните конкурси на Министерството за култура, во последниве години. Под лупа ќе бидат сите финансиски трансакции , а не само неисплатените проекти за 2020, како што беше најавено. Причина за тоа се наоди за можни злоупотреби, утврдени во ревизорските извештаи за 2018 и 2019 година. Ова е договорено на денешниот состанок на министерката за култура и директорот на Финансиската полиција.

  • Од состанокот кој што го имавме со министерката се утврди дека во ревизорскиот извештај кој што е изготвен за 2018 , но и за 2019 година, се утврдени неколку наоди таму кои што треба да бидат анализирани од наша стара , за да се види дали има простор за да се констатира некоја одговорност во работењето на министерството – Арафат Муареми- директор на Финансиска полиција.

Доколку со проширената истрага се откријат незаконски дејства, ќе биде известено Јавното обвинителство кое понатаму ќе постапува, дополни Муареми. Контрола на финансикото работење ќе врши и Секторот за финансиска инспекција на МФ. А, од Министерството за култура најавија дека ја запираат исплатата на сретства за неисплатени проекти од минатата година, додека траат контролите, за да го заштитат буџетот. Потенцираа дека од септември лани до крајот на јануари годинава, раскинале договори во вкупен износ од над 1 милион евра заради нереализирани проекти и неуредна документација. Во ноември министерката за култура Ирена Стефоска кажа дека со внатрешна ревизија утврдиле дека во јуни и јули биле склучувани анекси на договори за зголемување на сумите во некои дејности и дека биле прифаќани претходно обжалени проекти. Тогашниот министер за култура, а сега пратеник од „ Алтернатива“,  Хисни Исмаили, за Телма изјави дека чесно и без скандали ја вршел функцијата, дека ќе биде достапен во секое време за Секторот за финансиска инспекција и дека за проектите одлучувале комисии, чии членови биле професионалци во областите.

Антирорупциската комисија постапуваше по предмет за можни злоупотреби при распределба на сретствата за одобрени проекти со годишните конкурси на Министерството за култура, за периодот 2018-2019 година, кога беше министер сопартиецот на Исмаили, Асаф Адеми. Антикорупциска утврди дека постоела можност за влијание поради ограничените критериуми на конкурсите и препорача нивна промена.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Паметен помошник или дигитална опасност?

Дејан Дејан

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе