Економија

СОНК бара да се повлече одлуката за зголемување на приправнички стаж во градинките

Синдикатот за образование и наука бара итна средба со министерката за труд и социјала Шахпаска да им објасни по кои критериуми е донесена одлуката за зголемување на приправничкиот стаж од една на две години. Ова е против законски а приправниците ќе добиваат помала плата за една година  и нема да имаат можност за унапредување тврди претседтаелот на СОНК Јаким Неделков.

Од министерството за труд велат дека по завршувањето на приправничкиот стаж од една година и успешно положениот стручен испит, приправникот го задржува работното место и останува понатаму да ги извршува работните задачи на кои е распореден.

Доколу сака да биде унапреден на повисоко работно место тогаш потребно е тој да биде приправник најмалку две години. Министерството не го продолжува приправничкиот стаж,туку работното место приправник е утврдено во Законот за заштита на децата.

Министерство за труд и социјална политика: Според Законот за заштита на децата, согласно член 136 во рамките на работните места од категоријата Б – стручни работници, категоријата В -воспитувачи, категоријата Г- стручни соработници и категоријата Д – негователи, утврдени се работни места приправник.Тоа значи дека Министертсвото не го продолжува приправничкиот стаж, туку работното место приправник е утврдено во самиот Закон за заштита на децата.

Од труд и социјала велат дека сите лица кои прв пат се вработуваат во јавна установа за деца како даватели на јавни услуги имаат статус на приправници.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фајненс тинк: Амбициозен е проектираниот раст на даночните приходи

Дејан Дејан

Лагард: Инфлацијата сè понестабилна поради глобалните шокови

Дејан Дејан

Kаде ќе бидат префрлени повеќе пари за плати со ребалансот на буџетот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе