Свет

Втор импичмент на Трамп

Во американскиот сенат денеска почнува второто судење за импичмент на Доналд Трамп, кое според експертите најверојатно ќе заврши со ослободителна пресуда.

Претставничкиот дом се очекува да го изнесе обвинението за судењето на Трамп, поранешниот претседател ќе го застапуваат неговите адвокати, додека сенаторите ќе бидат поротници кои треба да одлучат за вината на Трамп.

Трамп е обвинет за поттикнување на бунтот на неговите приврзаници, кои на 6 јануари упаднаа во конгресот и четири часа го држеа под окупација, за време на специјалната седница на која, подоцна истата вечер, беше потврдена победата на Џо Бајден на претседателските избори. Пет лица загинаа за време на насилствата во конгресот.

Сенаторите ќе бидат поротници кои треба да одлучат за вината на Трамп, кој непосредно пред упадот во конгресот, Трамп ја вжешти атмосферата на протестот во Вашингтон, повторувајќи ги неоснованите тврдења дека бил ограбен на претседателските избори на 3 ноември.

Според нацрт-договорот меѓу лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер и лидерот на републиканците, Мич Меконел, постапката ќе прекине во петок навечер на барање на одбраната на Трамп и ќе продолжи во недела. Веројатно нема да има сведоци, а поранешниот претседател го одбил барањето за сведочење.

Структурата за која се согласивме е исклучително фер. Тоа ќе овозможи судењето да ја постигне својата цел, вистината и одговорноста. Заради тоа и судењата се организираат за да се дојде до вистината на ова прашање и да се донесе пресуда, рече лидерот на мнозинството Чак Шумер.

 

Задоволен сум што лидерот Шумер и јас успеавме да постигнеме договор за фер процес, определен временски рок за претстојното судење во Сенатот. Оваа структура е одобрена од правниот тим на поранешниот претседател Трамп и од менаџерите на Претставничкиот дом, рече републиканскиот сенатор Мич Меконел.

За Трамп да биде осуден потребно е двотретинско мнозинство во сенатот, односно 67 сенаторски гласа, што значи дека заедно со сите 50 демократи за импичментот треба да гласаат и 17 сенатори републиканци.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Десетици илјади шиитски муслимани маршираат кон Карбала за Ашура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе