Економија Топ вести

Обвинителството отвори истрага против четири одговорни лица во Еуростандард банка

Отворена е истрага против четири одговорни лица во Еуростандард банка- објави надлежното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Според инфромациите на Телма, осомничени се сопственикот и претседателот на Надозрниот одбор на Банката Трифун Костовски, неговиот син Коста Костовски и уште двајца менаџери на пропаднатата банка.

Осомничените се товарат дека сториле две кривични дела, предизвикување стечај на банка од Законот за банки и продолжено кривично дело – Перење пари. Обвинителството соопшти дека во период од 2018-та до 2019-та година не постапувале согласно законот за банки и не ги почитувале препораките од Народната банка. Преку нефункционални кредити била предизвикана штета од околу 55 милиони евра. Последните три години пред стечајот, одговорните лица односно Еуростандард не известувала за сомнителни трансакции кои укажуваат на перење пари, имот или имотна корист, а кои се одвивале преку банката. Стечајот на Еуростандард беше отворен во август, а сопственикот Трифун Костовски обвинуваше за лоши постапки на Народната Банка, но и за лошо менаџирање на банката, а сето тоа придонело за уништување на Еуростандард. Во тек е стечајна постапка, многу граѓани останаа без влогови над законски обезбедената сума од 30 илјади евра. Стечајот откри дека 149 фирми, некои од нив и со повластици, не ги враќале кредитите или немале никаков имот за хипотека освен меници со што како што тврди обвинителството „биле оштетени штедачите и другите депоненти на банката“.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Цените на храната во јуни највисоки во последните две години

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе