Вести Свет

Руската вакцина против Ковид 19 ќе се произведува во Србија

Се е подготвено за пристигнување на руските експерти во Србија, очекуваме дека Србија во иднина ќе ја произведува вакцина „Спутник V“ на нејзина територија, изјави министерот без ресор задолжен за иновации Ненад Поповиќ по средбата што ја одржа во Москва со рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров,.

Средбата меѓу Поповиќ и Мантуров е закажана по итна постапка, веднаш по телефонскиот разговор меѓу претседателот Александар Вучиќ и претседателот Владимир Путин, се наведува во соопштението од кабинетот на министерот.

-Мантуров ја изрази својата целосна посветеност на овој процес и посочи дека Србија е приоритет на Руската Федерација кога станува збор за заедничко производство на вакцини, но и продолжување на испораката на вакцини до Србија, изјави Поповиќ.

Тој посочи дека руската делегација ќе биде предводена од претставници на Министерството за индустрија и трговија на Русија и ќе се состои од водечки технолози на познатиот институт Гамалеј, претставници на руските власти одговорни за одобрување вакцини, како и челници на Рускиот фонд за производство и дистрибуција на вакцини.

-Задачата на оваа делегација е да утврди колку брзо и во која мера Србија може да го започне производството на руската вакцина во Торлак.Составот на руската делегација покажува дека Русија е многу заинтересирана да и помогне на Србија да воспостави капацитети за производство на вакцини што е можно поскоро. Член на делегацијата ќе биде и еден од главните технолози што ја развија вакцината „Спутник V“, кој ги обучи сите руски производители како да ја произведуваат оваа вакцина,кажа Поповиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе