Вести Свет

ЕУ признава дека направила „грешка во чекори“ при нарачките на вакцини

Брисел потцени колку им е тешко на фармацевтските компании масовно да произведуваат вакцини за коронавирус – и пречките веројатно ќе продолжат, вели претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Во брифингот за десетина европски новиснки агенции, Фон Дер Лајен за првпат признава дека ЕУ направила грешка во чекори,  нарачувајќи огромни дози на нови вакцини, кои во истовреме се бараат и во целиот свет.

Почеток на вакцинација не значи непречен проток на дози на вакцини што доаѓаат од индустријата. Ова е горчлив дел од учењето, и ова сигурно го потценивме. Производството ќе продолжи да биде нерамномерно во текот на следните месеци, бидејќи компаниите се борат со постојан ризик од недостиг на суровини и други компоненти, изјави фон дер Лајен. 

Во Европската унија се уште бавно се одвива имунизацијата на населението. Фон Дер Лајен ја брани одлуката на Брисел да не се одобруваат вакцините за итна употреба, како што тоа го прави Велика Британија, каде вакцинацијата е ставена на брза лента. Брисел досега ги одобри вакцините на Фајзер, Модерна и Астра Зенека, но ниту една од нив не ги испорачува потребните количини.

Во меѓувреме, корона вирусот се повеќе мутира. Британскиот сој почна да зема замав во САД. Американското регулаторно тело доби уште едно барање за итна употреба на вакцина. Овојпат од компанијата „Џонсон и Џонсон“, чија вакцина се дава само во една доза. Последниот извештај од оваа фармацевтска комппанија вели дека ефективноста на вакцината е 66%. Иако не толку силна како вацините на Фајзер и Модерна, сепак може да ја забрза испораката, а имунизацијата да биде поедноставна.

Мислам дека се доволно добри да помогнат во нападот на пандемијата ако можат да аргументираат испорака на вакцината. Со тоа што се дава во една доза, оваа вакцина не бара ултра-ниски и комплексни услови за одржување, и затоа има практична предност. И јасно е дека немаме доволно вакцини од Модерна и Фајзер за да се справиме со пандемијата во САД, а ниту и во светот. Затоа мислам дека се од големо значење, вели поранешен член на ФДА, доктор Џеси Гудман. 

Вакцината е 66% ефикасна, но се покажала дека заштитува од сериозни симптими 85%. Нејзиниот состав е малку поинаков од досега одобрените вакцини. Користи аденовирус тип 26 за да инјектира коронавирусни протеини во клетките на телото и да предизвика имунолошки одговор. Американските регулатори за лекови се малку сомничави за тоа дали вакцината дадена само во една доза ќе може да заштити од вирусот. Затоа за крајот на месецов е закажана јавна дебата, пред да дадат зелено светло. Ако добијат одобрување од „Џонсон и Џонсон“ се подготвени да испорачаат една милијарда дози година, кои би се произвеле во САД, Европа, Јужна Африка и Индија.

Од СЗО апелираат да се забрза вакцинацијата во светот. Загрижени се за ширењето на британскиот мутиран вид на коронавирусот и се сомневаат дали вакцините во иднина ќе бидат ефикасни и против новите мутации. Сепак се оптимисти. Тунелот е малку подолг, но годинава ќе го видиме светлото, велат од таму.

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе