Македонија Топ вести

Реконструираната „Нагоричанска“ им прави проблеми на жителите на Драчево

Жителите на „Нагоричанска“ , во Драчево се незадоволни како е реконструирана улицата пред два и пол месеци. Се жалат дека при обилните дождови во јануари на одредени места се создаваат езера и дека при градежните зафати шахтите од фекалната канализација биле подигнати на тули, па при враќањето на место се наполниле со песок и тампони.

Тие запушувања на фекалната канализација придонесуваат загадената вода да им влегува по домовите, кога врне. Драчевчани им предложиле на општинарите од Кисела Вода да се направи атмосферска канализација и да се поврзе со веќе постоечката во близина, за што биле спремни, како што велат да платат од свој џеб.

Но, од општината тоа го одбиле. Градоначалникот Филип Темелковски со одговор дека до нив не стигнало барање за нова атмосферска канализација со самопридонес,  дека жителите и пред обновата на улицата имале проблеми со атмосферската вода и дека општината лани и годинава нема доволно сретства да инвестира во нова атмосферска канализација.

  • Првиот дожд кога заврна шахтите ни се наполнија со вода. А, тие шахти се за фекална канализација. И таа ни проби, не функционираше и ни се врати водата во купатилата  и во кујните. Мораше ние да викаме приватно , господинот за среќа има цистерна , па го викнавме него. Ја исмука водата од шахтите – Борче Бабунски- жител на Драчево.
  • Многу поголеми беа барањата на жителите за асфалтирање на улицата , отколку за атмосферска канализација бидејќи уште на старт ние им укажавме дека финансиските сретства за минатата и за оваа година …Немаме доволно финансиски сретства за инвестирање во атмосферска канализација – Филип Темелковски- градоначалник на Општина Кисела Вода.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе