Вести Економија Топ вести

Рамковните вработени уште седат дома -26 одбиле работа, 135 не се ни појавиле

Над 1.300 рамковни вработени кои со години седеа дома и земаа плата, уште малку ќе си поседат дома – некои и цел месец. Паднаа во вода очекувањата на вицепремиерот Артан Груби дека од први февруари сите ќе тргнат на работа. Веќе се распределени каде ќе работат, но сега институциите имаат рок од 30 денови да подготват нова системација на работните места, во која ќе обезбедат столче и работа и за овие административци. Од вкупно 1.349 административци, 1.180 ги потпишале новите решенија. Од кабинетот на Груби сега велат – тие ќе тргнат на работа во законски предвидениот рок.

26 од административните службеници одбија да ги потпишат новите решенија за вработување. Нив им престанува работниот однос во Министерството и се евидентираат во трансфер-листата на МИОА. Во законскиот рок, Министерството за политички систем ќе ги распредели решенијата на уште 135 административни службеници кои воопшто не се појавиле.“– информираат од кабинетот на Груби.

Рамковните вработени се прераспределени во 237 институции. Најмногу ќе завршат во МВР – 143 вработени, 92 во УЈП,  по 74 во Царината и Државното правобранителство, има и во инспекторатите. Дел од нив реагираа дека добиле работници кои не им се потребни или во градови каде што не барале.

Но, за тие кои воопшто не се појавиле или одбиле прераспределба – нема никакви санкции. Јавна тајна беше дека голем дел од нив со години земаа плата, а работеа во странство. Законот предвидува 2.000 евра казна само за институцијата која ќе одбие да ги прими. За рамковните вработувања веќе оформи предмет Антикорупциска. Истражува како биле вработени и кои се причините зошто толку голем број од нив со години не биле прераспределени по институциите. А за 13 години, додека се чекаше нивната прераспределба, доскорешниот Секретаријат за спроведување на рамковниот потроши од буџетот околу 100 милиони евра, од кои најголем дел за плати.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе