Ковид19 Македонија Најважни

Секој може да се вакцинира во Србија, вакцини во моментов нема

Македонци, Унгарци, па и Кинески државјани. Кој сака може да добие бесплатна вакцина во Србија доколку уредно се пријави на државниот портал Е-управа. Ако до неодамна соседот дозволуваше само осигуреници и државјани на Србија да ја примаат кинеската вакцина со која располагаат властите, сега оттаму потврдуваат дека вакцинацијата е за секој кој ќе аплицира, а доаѓа од странска земја. Здравствените домови во Србија одредуваат термин и со пасош во рака на вакцинација. Дози во моментов нема, но правна пречка не постои, велат од најблиската здравствена установа преку границата.

-Што се однесува на вакцините, вакцини нема. А, што се одненува на процедурите знаете дека треба да се пријавите преку Е-управа, па потоа добивате потврда. Со таа потврда која ќе ја добиете преку порталот Е- Управа и пасошот доаѓате во здравствениот центар во Врање.  Не , не мора да бидете здравствено осигурани во Србија, може и вака како странец. Само бидете во тек. Кога ќе добиеме вакцини ќе бидете известени преку Е – управа и со таа потврда и со пасошот доаѓате во здравствен дом Врање, вели Гордана Стошиќ од Здравствениот дом Врање.

 

Значи може со Македонски пасош да се дојде?

 

-Да. Може, може.

 

A, имате ли досегашно искуство дали доаѓаа граѓани од Македонија, со македонски пасош, бидејќи знаеме дека одат луѓе?

 

-Со македонски не, не сме имале такво искуство но еве сега ви потврдив дека може. Така што може да биде и со Унгарски, па и со кинески. Тоа не е важно.

Српските власти имаат увид кому дозволиле вакцинација. По, пишувањата дека масовно се вакцинираат нивните соседи од  Македонија експресно реагираат од тамошното министерство за здравство.

Луѓето од ИТ секторот на Владата на Србија, кои ја водат еУправата, водат строга сметка за тоа. Приказната за масовно доаѓање на луѓе од Македонија кои се вакцинираат се дезинформации. Постојат луѓе кои имаат двојно државјанство, и си го користат тоа право. Постојат некои случаи, но тоа е занемарливо. Да се зборува за масовно вакцинирање на луѓе е дегутантно – навел Мирсад Џерлек Државен секретар во српското Министерство за здравство.

Новинари на редакцијата на Телма аплицираа и добија повратна порака дека се влезени во системот за вакцинација со користење на опцијата „странец кој не поседува адреса на живење“. Дали добиле или не право на вакцинација ќе се знае откако прво здравствените домови во соседството ќе добијат нова количина на дози за вакцинација. Граѓаните кои се вакцинираа се задоволни, но македонските власти засега немаат одговор што со овие луѓе кои го отпочнале вакцинирањето во друга земја.

Врање, Врањска Бања, Ниш ако досега беа шопинг дестинација сега се места каде македонските државјани со српски пасош и адреса на живеење се боцнаа со вакцина против ковид 19 . 70-тина граѓани кои имаат двојно државјанство успеале да се вакцинираат во овој град, објави РТС, додека уште десетина други државјани примиле вакцина во пограничните здравствени домови во Србија.Бидејќи во Србија сега се употребува кинеската вакцина, Македонците кои се вакцинираат овие денови ја добиваат оваа вакцина. Прво мора да се пријават преку електронскиот систем, и да потврдат дека имаат двојно државјанство. Освен повозрасни лица, во вакцина пристигаат и здравствени работници.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе