Свет Топ вести

Над 4 000 Руси уапсени на протестите за ослободување на Навални

Десетици илјади Руси учествуваат денеска на голем број неодобрени протести, барајќи ослободување на уапсениот опозициски лидер, Алексеј Навални.

Протестите се одвиваат и покрај силното присуство на полициските специјалци кои масовно ги апсат демонстрантите.

Повеќе од 4000 луѓе досега се уапсени, пренесуваат локалните медиуми и активистите за заштита на човековите права.

Во главниот град на државата, полицијата ги затвори станиците на подземната железница и го ограничи движењето во центарот на градот, каде досега биле приведени околу 140 луѓе.

Навални беше затворен веднаш по враќањето во Русија, откако се опоравуваше во Берлин по обидот за убиство со нервниот агент Новичок.

Руските правосудни органи тврдат дека Навални требал редовно да се пријавува во полиција, заради суспендираната пресуда заради измама.

Тој го отфрли неговото приведување како целосно илегално, подвлекувајќи дека властите му дозволиле да патува во Берлин за третман заради труењето со Новичок.

Се протестира во цела Русија, ширум 11-те временски зони во државата, од Москва и Сант Петербург до источна Русија и Сибир, градовите како Јакутск каде температурата е под 40 степени целзиусови и Омск и Јекатеринбург во регионот Урал. Протестираме затоа што живееме во полициска држава, без независно судство и во земјата каде владее корупцијата, порачуваат демонстрантите во Новосибирск.

“Мислам дека дојдовме до пресвртната точка и сега станува смешно. Додека минатиот пат беше навистина страшно, сега веќе е забавно да се гледаат овие полицајци, гувернерот Травников, градоначалникот Локот, смешно е да се гледаат реакциите на другарот Путин, Ротенберг, сите останати. Мислам дека кога веќе стануваат смешни, тоа е почетокот на нивниот крај, тоа е сигурно” – вели новинарката Марија Лондон.

Најголем дел од уапсените и учесниците на протестите се младите луѓе.

“Јас бев роден кога владееше Путин и не сакам да умрам кога тој е владетел. Затоа и излегов” – вели студентот Иван.

Меѓу приведените е и сопругата на Навални, Јулија, која претходно на социјалните мрежи објави фотографија како маршира со демонстрантите.

Полицијата својата интервенција ја правда затоа што протестите се незаконити, додека руските власти предупредуваат дека заради демонстрациите може да дојде до ширење на корона вирусот.

Повеќето од најблиските соработници на Навални се веќе приведени од претходните протести , додека неговиот брат исто така е во домашен притвор.

Никола Илиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ако трговците се служат со трикови, Владата ќе се служи со мерки

Дејан Дејан

Камбовски: Делегирањето на судијката од Велес ќе ја ублажи состојбата со недостиг на судии во Кочани

Дејан Дејан

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе